Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани.
Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други.
Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме.
Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените.
Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно! – објави на фејсбук Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина изразувајќи сочувство за жртвите во несреќата во Кочани, кога се запали дискотека, во која загинаа 59 млади лица, а речиси 200 беа повредени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата