logo
logo
logo

101 повреден во Македонија, 44 во странство - згрижени вкупно 145 настрадани во трагедијата во Кочани

Vecer | 16.03.2025

101 повреден во Македонија, 44 во странство - згрижени вкупно 145 настрадани во трагедијата во Кочани

Денеска се згрижени вкупно 145 настрадани од трагедијата која се случи во Кочани.

Дел од повредените остануваат во Македонија- во Клинички центар 20 лица, во ГОБ 8 септември исто така 20 лица, во Св. Наум Охридски 21 лице, КБ Штип 20 лица, ОБ Кочани 7 лица, Токсикологија 2 лица.

Од повредените 44 се транспортирани во странство- во Србија 17, во Бугарија 14, во Турција 9 и во Грција 4 лица.

Ноќеска и рано утрово во Хрватска се транспортирани 4 лица, а во Романија 4 повредени.

Има можности повредени да бидат пренесени и во Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk