logo
logo
logo

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ во Скопје, еве што ќе се случува

Vecer | 16.05.2026

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ во Скопје, еве што ќе се случува

Поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, утре (недела, 17.05.2026 година), Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај, при што возилата ќе се пренасочуваат по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници за да се овозможи безбедно одвивање на настанот.

Сообраќајните измени ќе бидат активни во периодот на одржување на двете најавени активности:

Велосипедска трка (старт во 09:45 часот):

Учесниците ќе тргнат од пред Музејот на град Скопје и ќе се движат по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, па по локалниот пат кон Средно Водно сè до Милениумскиот крст.

Планинарска тура (старт во 10:00 часот):

Стартот е пред ООУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, продолжува по ул. „Тодор Александров“, а кај ул. „Салвадор Аљенде“ учесниците се исклучуваат десно по планинската патека кон Средно Водно и врвот на Водно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk