logo
logo
logo

Филипче повикува на лидерска за да се направи се она што ТРЕБАШЕ И НЕ ГО НАПРАВИ ДОДЕКА БЕШЕ МИНИСТЕР?

Vecer | 27.03.2025

Филипче повикува на лидерска за да се направи се она што ТРЕБАШЕ И НЕ ГО НАПРАВИ ДОДЕКА БЕШЕ МИНИСТЕР?

Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој во вечерва се вклучи во солидарната акција- Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани“.

Филипче посочи дека после оваа трагедија не се доволни само зборови, потребно единство и обединување, поддршка за семејствата во Кочани и делување за промена на работите.

„Тоа треба да го претвориме во вистински дела, во вистински чекори, заради тоа што тоа е нешто што најмалку може да го направиме ако ништо друго за семејствата што останаа без своите деца, за другите семејства кои имаат деца кои се на лекување и секако за целото општество кое гледаме како бара некакви промени“, рече Филипче.

Во хуманитарната емисија, Филипче најави дека следната недела, ќе побара да се свика лидерска средба на која ќе презентира план што треба да се направи во следниот период за државата и за семејствата од Кочани.

„Следната недела јас ќе повикам на лидерска средба во Собранието, со лидерите на најголемите политички партии, на кои што сакам да го презентирам мојот план што јас мислам дека ние треба и имаме обврска да направиме за државата. Да се направи тоа што суштински треба, вистински реформи во правосудството, да се направи тоа што суштински треба за да се промени здравствениот систем, да почне изградбата на Клиничкиот центар. Да се направат суштински промени во системот на образование, да се дуплираат примањата на наставниците, да се осигураме дека нашите деца ќе имаат добра едукација. Да се направи дефинитивна промена во системот на јавна администрација, гледаме дека и покрај тоа што начелно има превработеност има сегменти каде што работници фалат“, рече Филипче.

При тоа Филипче додаде дека мора конечно да се разговара и за отворањето на европските поглавја поради тоа што тоа е единствениот начин за борба против корупцијата.

„Главна причина за корупцијата е сиромаштијата. Ние нема да можеме да ја совладаме сиромаштијата без да го започнеме тој процес. Да се надеваме ако час поскоро го започнеме овој процес да се надеваме дека првите резултати ќе ги видиме во период од 5 до 10 години. Мора да бидеме реални и да знаеме што и кога можеме да очекуваме“, посочи Филипче, додавајќи дека и младите кои излегоа на улица да го покажат своето незадоволство и поддршка за настраданите, не ги интересира минатото, туку сегашноста и иднината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk