logo
logo
logo

СКРОЛАШ ДОДЕКА ВОЗИШ? МВР најави засилени контроли

Vecer | 06.10.2026

СКРОЛАШ ДОДЕКА ВОЗИШ? МВР најави засилени контроли

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

-Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија, посочуваат од МВР.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk