logo
logo
logo

ПЕНЗИИТЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ; ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ Е СТАБИЛЕН, рече премиерот Мицкоски

Vecer | 06.10.2026

ПЕНЗИИТЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ; ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ Е СТАБИЛЕН, рече премиерот Мицкоски

Имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина, не треба апсолутно никој да се грижи, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Директорот на ПИОМ претпоставувам има свој став, не треба секогаш да се сложуваме со ставовите, но Владата и јас лично цениме дека состојбата е апсолутно стабилна и сигурна и пензионерите не треба да се грижат. Впрочем оваа Владата ги зголеми пензиите просечно како ниту една друга Влада во историјата на независна Македонија, смета премиерот.

Додаде дека доколку во иднина имат било какви поинакви политики јавноста ќе биде информирана.

Парите се тука, но треба да се пронајдат онаму каде што се злоупотребуваат и да се насочат онаму каде што тие пари се потребни, рече премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk