logo
logo
logo

Кога ќе почнат да се почитуваат сообраќајните правила? 841 КАЗНА ЗА САМО ЕДЕН ДЕН, возат без возачка, пребрзо, пијани...

Vecer | 08.04.2025

Кога ќе почнат да се почитуваат сообраќајните правила? 841 КАЗНА ЗА САМО ЕДЕН ДЕН, возат без возачка, пребрзо, пијани...

Само за еден ден, полицијата низ цела Македонија казни дури 841 возач поради разни сообраќајни прекршоци. Како што покажуваат бројките, возачите никако да научат – најмногу се казнувале за неправилно паркирање, дури 270 случаи, а веднаш по тоа следат оние што возеле пребрзо, нив ги имало 214.

Во рамки на вчерашната контрола, полицијата фати и 82 возачи без возачка дозвола Контролите се однесувале и на други прекршоци, па така биле изречени и 65 казни за неносење сигурносен појас, како и 28 за користење мобилен телефон додека се вози.

Има и такви кои продолжуваат да возат пијани – пет возачи биле фатени под дејство на алкохол, шестмина поминале на црвено, а шестмина пешаци исто така направиле прекршоци. Дополнително, шестмина мотоциклисти биле фатени без заштитна кацига.

Полицијата од сообраќај биле исклучени 17 нерегистрирани возила и осум технички неисправни возила, што значи дека акцијата опфатила и безбедносен технички аспект, а не само казнување на возачи.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите. Само така можеме да придонесеме за поголема безбедност на патиштата и да спасиме животи“, велат од Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk