logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ Е ВО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА, ОДИМЕ НА ОГРОМНА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ

Vecer | 25.04.2025

ВМРО-ДПМНЕ Е ВО ОДЛИЧНА КОНДИЦИЈА, ОДИМЕ НА ОГРОМНА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС денеска и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025″ на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

– Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти – рече Мицкоски.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk