logo
logo
logo

ЗОШТО БИТИЌИ ЧУВАЛ КЛАСИФИЦИРАНИ ДОКУМЕНТИ ДОМА ВО СЕФ и за што му биле потребни?

Vecer | 25.04.2025

ЗОШТО БИТИЌИ ЧУВАЛ КЛАСИФИЦИРАНИ ДОКУМЕНТИ ДОМА ВО СЕФ и за што му биле потребни?

Филипче е континуитет во начинот на практикување на политиката на Заев, а екс вицепремиерот Фатмир Битиќи олицетворение на таа пракса.Дали во СДС е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи.

Битиќи да одговори на јавноста за какви класифицирани документи станува збор, како се нашле во неговиот домашен сеф, поради кои причини ги поседува и за што би му послужиле истите?

Дали поседува сертификат, бидејќи класифицирани документи добиени од кој и да е орган не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат.

Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот?

Со оглед на тоа дека државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени, ги повикуваме СДС и Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на информации станува збор.

Битиќи не смеел такви документи да поседува во својот домашен сеф. Колку закони прекршил Битиќи? Го повикуваме ЈО да поведе постапка и да го истражи случајот со украдените документи. Одговорност мора да има, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk