logo
logo
logo

Вучиќ за разговорот со Сиљановска-Давкова: ПOСТОИ ВОЛЈА Македонија и Србија да развиваат блиски и пријателски односи

Vecer | 30.06.2026

Вучиќ за разговорот со Сиљановска-Давкова: ПOСТОИ ВОЛЈА Македонија и Србија да развиваат блиски и пријателски односи

По телефонскиот разговор со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова претседателот на Србија Александар Вучиќ преку социјалните мрежи порача дека „Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста”.

„Содржајниот разговор со Гордана Силјановска Давкова потврди дека постои волја меѓу нашите земји да продолжат да развиваат блиски и пријателски односи”, објави Вучиќ.

,,Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилни врски во областите од заеднички интерес.

Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста и зајакнувањето на соработката со Македонија, убедена дека токму тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, порачува Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk