logo
logo
logo

„На Македонија и на регионот не им треба ПРОЦЕС БЕЗ КРАЈ, ТУКУ ПРЕДВИДЛИВА ЕВРОПСКА ИДНИНА“

Vecer | 15.02.2026

„На Македонија и на регионот не им треба ПРОЦЕС БЕЗ КРАЈ, ТУКУ ПРЕДВИДЛИВА ЕВРОПСКА ИДНИНА“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија.

- Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај?, Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ, објави на својот Фејсбук профил, премиерот, Христијан Мицкоски.

​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина.

Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани, напиша Мицкоски.

Тој вчера, на вториот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, со претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk