logo
logo
logo

Преку Ковакс прва ќе дојде АстраЗенека И ТОА ВО МАРТ

Vecer | 03.02.2021

Преку Ковакс прва ќе дојде АстраЗенека И ТОА ВО МАРТ

  • Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази
  • За земјава се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од АстраЗенека
  • Според Заев месецов се очекуваат вакцини од Фајзер и Синофарм

Вакцината од АстраЗенека ќе ја сочинува првата количина која земјава ќе ја добие преку Ковакс системот, која е планирано да пристигне во март годинава. Министерството за здравство вчера информира дека Ковакс системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја.

Според дописот за земјава се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Од Фајзер вакцините, како што навеле од Ковакс, во првиот бран на достава се вклучени 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19 и оти другите ќе бидат вклучени во идните фази на дистрибуција.

Системот, како што потенцираат од Министерството за здравство е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку Ковакс механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата, се наведува во соопштението.

Премиерот Зоран Заев завчера во интервју за печатеното издание на „Капитал“ посочи дека земјава обезбедува вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи и кои несомнено покажуваат резултати и се докажано безбедни.

– Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и вакцината на „Синофарм“. Ние сме целосно подготвени за првите количини од аспект на нивното складирање во соодветни услови, од аспект на правно-процедурални постапки и се разбира од аспект на организациски план за вакцинирање. Затоа ја направивме и измената на Законот за лекови од причина што глобална политика на производителот на вакцини „Фајзер“ со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава, рече Заев.

Земјава, потенцираат од Министерството за здравство, има развиена безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување соодветни ладилници.

-Системот за вакцинација е целосно подготвен. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години, појаснуваат од Министерството за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk