logo
logo
logo

Уставниот суд отвори предмет по две иницијативи ЗА БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ

Vecer | 14.08.2025

Уставниот суд отвори предмет по две иницијативи ЗА БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ

Уставниот суд отвори предмет по две иницијативи за оценување на уставноста и законотоста на одлуката со која Владата на 24 септември 2024 година го утврди бројот на членовите на советите на општините.

Првата иницијатива е од Скендер Реџепи, според кој оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи Владата ја донела оваа одлука без законско овластување.

„Во иницијативата е наведено дека Владата нема законско овластување за вакви одлуки и дека бројот на членовите којшто е определен со оспорената одлука е различен од начинот предвиден во членот 34 од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека Одлуката не содржи податоци врз основа на кои е определен бројот на членовите на советите, што истата ја прави нејасна и спротивна на член 9 алинеја 3 од Уставот“, соопшти Уставниот суд.

Втората иницијатива за оценување на оваа владина одлука е поднесена од Ќенан Алија, кој наведува дека таа е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членови од Законот за локална самоуправа.

„Во иницијативата се  наведува дека извршната власт не може да го одредува бројот на членови во советот на општините спротивно од официјалните податоци добиени од Пописот во 2021 година“, соопшти Уставнот суд.

Владата на седницата на 24 септември 2024 година го утврди бројот на членовите на советите на општините врз основа на, како што се наведува, Законот за Владата и на Законот за локалната самоуправа.  Според владината одлука најмалиот број на членови на локален совет е 9, а најголем е 27 члена.

Согласно Законот за локалната самоуправа, бројот на членови во општинскиот совет се утврдува според бројот на жителите во општината, а не може да биде помал од 9, за општини под 5.000 жители и поголем од 33, за општини над 100.000 жители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk