logo
logo
logo

8 заразени и НИ ЕДЕН ПОЧИНАТ од Ковид-19 прв пат по 10 месеци!

Vecer | 13.06.2021

8 заразени и НИ ЕДЕН ПОЧИНАТ од Ковид-19 прв пат по 10 месеци!

Нема ниту еден починат ковид-пациент во последните 24 часа, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на информации од  Институтот за јавно здравје.

-Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме ниту еден починат од Ковид-19. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од Министерството за здравство.

Од новозаразените, тројца се од Скопје, двајца од Тетово и по еден од Велес, Кичево и Охрид.

Регистрирани се девет оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk