logo
logo
logo

ОФОРМЕН Е ПРЕДМЕТ - Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде Клиниката

Vecer | 28.01.2026

ОФОРМЕН Е ПРЕДМЕТ - Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде Клиниката

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема конкретни дејствија на проверки во предмет оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година, по однос на јавно изнесените наводи од Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“.

Како што соопштија од Обвинителството, предметот е отворен поради тврдењата дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство наводно се обиделе да го принудат Митрев да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.

„Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуалното постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, наведуваат од Основното јавно обвинителство Скопје. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk