logo
logo
logo

ВЛЕГУВАЛ СО ТЕСЛА, БЕГАЛ СО ТОЧАК - Приведен косовски државјанин осомничен за грабеж во Скопје

Vecer | 20.04.2026

ВЛЕГУВАЛ СО ТЕСЛА, БЕГАЛ СО ТОЧАК - Приведен косовски државјанин осомничен за грабеж во Скопје

Скопското обвинителство отвори истрага против 39-годишен државјанин на Косово, кој се сомничи дека во два наврати „оперирал“ во ист тобако-маркет во Скопје. Првиот напад се случил на 11 април, кога осомничениот со тесла го скршил стаклото од влезната врата, влегол во објектот и  украл алкохолни пијалаци, цигари и пари од дневниот промет, правејќи вкупна штета од околу 53.000 денари. По грабежот, тој се оддалечил од местото со велосипед.

Седум дена подоцна, на 18 април, тој се обидел да ја повтори кражбата во истиот објект на идентичен начин. Сепак, неговиот втор обид бил спречен од вработените и случајните минувачи кои веднаш ја алармирале полицијата. Бидејќи станува збор за странски државјанин кој непријавено престојувал во земјава, обвинителството побара мерка притвор поради реална опасност од бегство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk