logo
logo
logo

КАЗНА ОД 250 ЕВРА ЗА РОДИТЕЛИ на насилни ученици

Vecer | 15.05.2026

КАЗНА ОД 250 ЕВРА ЗА РОДИТЕЛИ на насилни ученици

Родителите на децата кои се однесуваат насилно во училиштата ќе се соочат со парична казна од точно 250 евра, а истата санкција ќе важи и доколку родителот одбие да соработува со училиштето или со другите надлежни институции. Ова денеска го потврди министерката за образование и наука, Весна Јаневска, појаснувајќи го напредокот на процесот за измени на Законот за основно образование.

Според министерката, измените во моментов се дооформуваат во Собранието во постојан контакт со пратениците, а одлуката за ваквиот чекор е веќе конечна. Целта на овие законски измени е да се подигне одговорноста на родителите, кои ќе мора да ја платат казната за секое сторено насилно дело на нивното дете во училишната средина. Министерката стави посебен акцент на обврската за соработка, нагласувајќи дека игнорирањето на училишните повици од страна на родителите повеќе нема да се толерира.

Јаневска испрати и директна порака до јавноста, посочувајќи дека агресијата кај децата не произлегува од училишната клупа, туку од домашната средина. Таа додаде дека појавите како носење ножеви и други опасни предмети во училиштата доаѓаат токму од дома, поради што ги повика родителите на многу поголема одговорност, внимателност и активна улога во воспитувањето на своите деца за да се спречат несакани инциденти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk