logo
logo
logo

Мицкоски со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД

Vecer | 16.09.2026

Мицкоски со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со републиканската конгресменка Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

- Остварена средба со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка, објави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk