logo
logo
logo

ПРОБОДЕНО ВО СРЦЕ е 13 годишното момче од Чаир, состојбата е критична

Vecer | 01.09.2026

ПРОБОДЕНО ВО СРЦЕ е 13 годишното момче од Чаир, состојбата е критична

Во срце е прободено 13-годишното дете, кое е во тешка состојба и се бори за живот по тепачката во Чаир, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

– Момче на возраст од 13 години има убод со нож во пределот на срцето и е во многу тешка критична состојба. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи – рече Клековски.

Полицијата денеска соопшти дека во вчерашната тепачка во Чаир учествувале 5 лица, а еден 13-годишник со нож избол 3 лица, на возраст од 13, 16 и 19 години.

„На 1.9.2026 година полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.8.2026 околу 22 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна. Притоа 13-годишникот, кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда“, соопшти полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk