logo
logo
logo

ЗЛАТО ВО ПЕРНИЦА ЗА ВРАТ: Златар од Тетово фатен во обид да прокриумчари накит од 4 милиони денари

Vecer | 20.10.2026

ЗЛАТО ВО ПЕРНИЦА ЗА ВРАТ: Златар од Тетово фатен во обид да прокриумчари накит од 4 милиони денари

Четири милиони денари вреден златен накит, што тетовец, сопственик на златара, се обидел да го кримчари во перница за врат, е запленет од царински службеници на граничниот премин Богородица. Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

-Кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар. На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниту еден од патниците не пријавил стока за царинска контрола, по што е извршен детален преглед. Притоа, во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот, се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама, соопштија од Царинската управа.

Во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека лицето, откако го купил златниот накит од златарска работилница во Истанбул, имало намера нелегално да го пренесе во државава и да го продава во својот златарски дуќан.

Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk