Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, реагираше на објава на СДСМ во која тој е прикажан како на умреница, оценувајќи ја како морбидна и очајна порака.
Стоилковиќ преку социјалните мрежи ја осуди објавата и порача дека политичката битка не треба да се претвора во ваков тип на навреди.
„Порака со умреница, баш очајно! И во живо и на умреница сум поубав од Вас и не заборавајте, на крајот убавината секогаш го победува злото“, напиша Стоилковиќ.

Во продолжение на објавата, министерот ја означи и партијата, а дополнително додаде:
„П.С. Морбидна објава на Бихаќка за министерот кој е прикажан како во умреница.“
Во конфузната објава на СДСМ се вели дека. Стоилковиќ навредува – криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ” а потоа без никаква логика се прави паралела со Србија каде политичката ситуација нема врска со Македонија.
Текстот на објавата на СДСМ нема речиси никаква врска со Стоиљковиќ што укажува дека на Бихаќка сакале по секоја цена да го прикажат министерот на црно-бела слика за да изгледа како умрен.
,,Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта – ти си против државата.
Сега истата матрица се пресликува во Македонија”, пишува СДСМ меѓу другото во збунувачкото соопштението кое содржи морбидна слика.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата