Сообраќајна незгода се случи денеска на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, во близина на зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.
Според првичните информации, во несреќата е повреден доставувач на „Волт“, кој се движел со мотор.
На местото на сообраќајката можеше да се забележи искршениот мотор, а полицијата го обезбедуваше просторот и го регулираше сообраќајот.
Несреќата предизвика метеж во овој дел од градот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата