logo
logo
logo

„Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизирам заедно нив“

Vecer | 30.01.2026

„Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизирам заедно нив“

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на темата за блокадите од страна на транспортерите кои беа актуелни изминативе денови, за што истакна дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното.

Тој додаде дека по состанокот во Брисел ќе следи заедничка средба за разгледување на предлозите, и целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите, кои се клучен двигател на македонската економија.

,,Се работи за документ од 19 страни, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како сппортисти уметнции итн, Што е првпат да ЕУ на тој начин го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог со којшто ќе се реши проблемот, се понудија 3 решенија и ова е едно од трите решенија“, рече Николоски.

Тој додаде дека во вторник ќе се одржи состанок кој, како што вели, една година не беше закажуван, а првично бил договорен за 6 февруари, но вчера терминот бил поместен за во вторник.

,,Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите овие денови, кои што покажаа дека проблемот е навистина сериозен. Да честитам на одлучноста, на храброста, јас ја имав честа и да ги посетам и да ги поддржам. Излегов заедно со нив, и мислам дека покажаа дека навистина е голем проблемот и дека мора сериозно да му се пристапи, и тоа што беа единствени и истрајни никој не успеа да ги скрши, даде резултат“, вели Николоски.

Тој истакна дека самиот дал целосна поддршка, но дадоа и премиерот, и Владата, со цел решавање на проблемот. Николоски истакна дека процесот се води во целосна координација со превозниците.

,,Во целосна координација со превозниците. Денеска имав средба со претседателката и потпретседателката на најголемото здружение на превозници, на Макамтранс, се договоривме во вторник, по завршувањето на состанокот со Брисел, да повторно се сретнеме и да заеднички ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму, и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, односно во координација со нив“, истакна Николоски и додаде:

,,Сакам да понудам најдобри можни решенија кои што ќе одговараат на нашите транспортери. Тие се едни од основните двигатели на македонската економија, цели градови во Македонија живеат од транспортот. Мора да даваме целосна поддршка на овој сектор“.

На состанокот во вторник со ЕУ ќе понудам најдобри можни решенија што ќе ги договориме заедно со транспортерите

Истрајноста и единственоста на превозниците од Македонија и од целиот регион, беше клучна за Европската Унија да реагира и да донесе документ со кој превозниците ќе бидат квалификувани како “професионалци”. Тоа е она што го баравме и тоа е она што го бараа превозниците. Закажан е состанок во вторник на кој ќе се дефирнираат сите прашања и јас во координација со транспортерите ќе понудам најдобри решенија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

“Европската Унија ја забрза целата процедура, тие планираа да го носат овој документ многу подоцна. Станува збор за документ од 19 страници, кој што целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, каде што возачите на камиони се прифаќаат како професионалци” што е прв пат ЕУ на тој начин да го реши проблемот и кој беше суштиниски. Беа понудени три решенија и ова беше едно од решенијата” – истакна Николоски.

Вицепремиерот потенцираше дека на состанок ќе се дефинираат сите прашања за да се излезе од оваа ситуација.

“Овој состанок не се закажуваше речиси години дена, па се закажа за 6. февруари, а сега се помести за вторник, што мислам дека симболички многу значи. Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите и покажаа дека проблемот е доста сериозен. Да им честитам на одлучноста и храброста. Ја имав честа да ги посетам на протестите и да ги подржам. Тоа што беа единствени и истрајни и не успеа никој да ги скрши, не коментирам одредени други држави од регионот каде други премиери и минстри се обидуваа да ги скршат. Ние да дадовме подршка, јас, премиерот и тоа доведе до ваков потег на Европската Унија”- рече Николоски.

Тој потенцриа дека сите решенија и ставот на Владата ќе се креира заедно со транспортерите

“Ние сме во целосна координација со превозниците, се договоривме по состанокот во Брисел, заеднички да седнеме и да ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, затоа што сакам да понудам најдобри можни решенија кои ќе одговараат на нашите транспортери. Тие се едни од основните двигатели на македонската економија и цели градови во Македонија живеат од овој сектор”- додаде тој.

Во однос на временската рамка, колку ќе траат овие разговори со ЕУ и кога најрано може да се очекува конечно решение, Николоски рече дека до ова лето би требало да се најде решение како нормално би можел да функционира транспортот.

Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен проблем, кој можеше да предизвика несогледливи економски последици како за македонската економија, така и за целиот регион – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој потенцираше дека во измината година направени се сериозни напори од Владата, обидувајќи се преку средби, разговори и писма, да го потенцира проблемот со превозниците и ЕУ конечно да сфати какви последици може да се предизвикаат доколку не се реагира.

“ Преку година дена се обидуваме, што со заеднички писма преку други држави, што сами, што на директни средби, министерот за надворешни работи разговарал многу пати, премиерот на последната средба со Урсула Фон Дер Лајен го отвори ова прашање, јас во декември при посетата на Брисел. Но, кога се случи протестот на транспортерите, мислам дека сите сфатија за што се работи, затоа што ова не беше политичка одлука, ова беше бирократска одлука и мислам дека само ова беше начин, да сфатат дека ќе се случи огромен проблем кој што можеше да доведе до несогледливи економски последици и за регионот и за соседството на регионот и за ЕУ”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој се осврна и на чекорите на Владата во изминатите неколку дена, колку што траеа блокадите на граничните премини и реакциите соседството, кои први ги согледаа можните последици.

“Не случајно јас отидов во Хрватска пред два дена, не случајно со грчкиот министер разговарав три пати, не случајно вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија реагираше, не случајно вицепремиерот на Хрватска, ден по мојата посета одржа специјална прес конференција за оваа работа, затоа што силно ги афектираше и нив”- потенцираше вицепремиерот Николоски.

Според вицепремиерот, заедничката и координирана активност го потикна решението за овој проблем, за кој доколку не се реагираше навреме можеше да ја погоди целата регионална економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk