Тројца членови на криминалната група „Беланоца“ денеска се осудени на високи затворски казни за повеќе кривични дела.
Според информациите, еден од обвинетите е осуден на 20 години затвор за убиство, додека вториот доби казна од 11 години затвор за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами, еден од лидерите на спротивставената криминална група „Дуќанџик/Грчец“.
Во предметот е опфатено и убиството на Пластичарска улица во Скопје, во кое беше убиен 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.
Третиот обвинет е осуден на четири години затвор за кривичното дело изнуда.
Пресудите се донесени во постапка што се однесува на дел од активностите на криминалната група „Беланоца“, која во изминатиот период беше поврзувана со повеќе тешки кривични дела и вооружени пресметки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата