Oва е напишано, се друго е шпекулација

ОВА Е ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА! Добри во економијата, слаби во судството... Прочитај го

Vecer | 04.11.2026

ОВА Е ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА! Добри во економијата, слаби во судството... Прочитај го

Европската унија преку својот годишен извештај на Европската комисија ги презентира своите оценки на повеќе теми од јавниот живот, економијата, правниот и политиката во Македонија, во принцип, за шест кластери (области) кои се содржани во патот н праговори за членствп во Европската унија.

Македонија, какао држава кандидат, ги доби оценктте, поддршките како из абелешките во одделни области. Објавуваме поширок извештај за поддршките но из абешеките на Европската комисја за степенот на исполнување на кандидатурата за членство во ЕУ.

Извештајот е поширок од вообичаен новинарски формат, содржи цитати, за да се презентира изворно што е и како оценето и да се одбегнат познатите шпекулации кои опозицијата се обидува да ги конструира.

             “ Неопходно е да се спроведат клучните реформи поврзани со ЕУ. Северна Македонија активно се вклучи во новиот План за раст за Западен Балкан и ги засили напорите за реализација на четирите столба на планот: постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, суштински реформи и зголемена финансиска поддршка. Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото од 2026 година ја опфати Северна Македонија по третпат.

Северна Македонија одржува добри односи со другите земји опфатени во процесот на проширување и продолжува да учествува во регионалните иницијативи. Постојните билатерални договори со соседните земји треба да бидат спроведени со добра волја од сите страни, вклучително и Преспанскиот договор со Грција, како и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Северна Македонија ја задржа целокупната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската агресивна војна против Украина, со што испрати силен сигнал за својот стратешки избор за пристапување кон ЕУ и се покажа како доверлив партнер, се вели во Извештајот.

1.2. ГЛАВНИ НАОДИ ОД ИЗВЕШТАЈОТ

КЛАСТЕР 1: ОСНОВИ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ

Демократија

Правниот и институционалниот рамковен систем обезбедува основа за демократско спроведување на изборите. Сепак, не е постигнат напредок во усогласувањето со стандардите на ЕУ, ниту во спроведувањето на преостанатите препораки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) / Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и Венецијанската комисија во однос на Изборниот законик.

Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно адресирани. Северна Македонија треба да обезбеди усогласување со целокупното релевантно право на ЕУ (acquis), вклучително и со Регулативата (ЕУ) 2024/900 за транспарентноста и таргетирањето на политичкото рекламирање, земајќи ги предвид европските и меѓународните демократски стандарди.

Собранието може да ги остварува своите надлежности на делумно ефективен начин. Собранието усвои нов Етички кодекс за пратениците и нов стратешки план. И покрај тоа што има јасни правила според Деловникот за работа, Парламентот повторно не успеа да ја усвои својата годишна агенда.

Владината коалиција остана стабилна. Постигнат е одреден напредок во реформата на локалната самоуправа, иако клучните закони сè уште се во тек. Меѓуетничката ситуација остана стабилна, а Охридскиот рамковен договор продолжи да се спроведува, иако предизвиците продолжуваат.

Граѓанското општество, вклучително и бранителите на човекови права, работеше во генерално поволна средина. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество беше реактивиран. Организациите на граѓанското општество (ГО) учествуваат во Националниот совет за интеграција во ЕУ и Советот за партнерство за отворена влада, но нивната улога треба да се зајакне. Иако има постепен напредок кон поотворен дијалог и партиципативна политичка средина, вклучувањето на граѓанското општество во консултациите треба да се подобри, вклучително и во контекст на процесот на пристапување во ЕУ.

Државната поддршка останува ограничена, а финансирањето останува структурна ранливост. Имало случаи во кои граѓанските организации и бранителите на човекови права се соочиле со заплашување, онлајн вознемирување и кампањи за клевета.

Реформа на јавната администрација

Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на реформата на јавната администрација. Постигнат е одреден напредок со понатамошно проширување на понудата на електронски услуги и надградба на системот за електронско управување со документи.

Продолжуваат напорите за измена на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавната служба за да се решат слабостите идентификувани по нивното усвојување.

Земјата, исто така, донесе Закон за врвно раководство, со сериозни недостатоци во однос на составот на одборите за селекција, методологиите за избор и регрутирање на врвни раководители и објективните критериуми за разрешување. Реорганизацијата на неколку државни институции во согласност со изменетиот Закон за државна организација продолжи.

Во ноември 2025 година, Северна Македонија го усвои својот план за реформа на јавната администрација. Препораките на Комисијата од минатата година беа делумно спроведени и во голема мера остануваат валидни.

Поглавје 23: Правосудство и основни права

Северна Македонија се наоѓа помеѓу одредено и умерено ниво на подготвеност за примена на правото на ЕУ (acquis) и европските стандарди во оваа област. Генерално, беше остварен ограничен напредок. Северна Македонија постигна напредок во изработката на патоказ за владеење на правото, во кој се утврдени обврските за наредните години во однос на понатамошното усогласување со правото на ЕУ и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Функционирање на правосудството

Правосудниот систем на Северна Македонија се наоѓа помеѓу одредено и умерено ниво на подготвеност и има остварено одреден напредок. Земјата продолжи со спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството (2024-2028). Беше усвоен нов Закон за Судскиот совет, со кој во голема мера се одговори на препораките на Венецијанската комисија.

Понатаму, беа усвоени нов Закон за Советот на јавни обвинители, Закон за платите на судиите, Закон за платите на јавните обвинители, како и нов Закон за парнична постапка. Севкупната независност и финансиската автономија на правосудството се нарушени поради постојаното мешање од страна на другите гранки на власта, како и поради драстичниот недостиг на финансиски и човечки ресурси.

Препораките на Комисијата од минатата година се делумно спроведени. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да го забрза спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството;

→ да ги спроведе новоусвоените закони за Судскиот совет и за Советот на јавни обвинители, како и навремено да го ревидира Законот за јавното обвинителство со цел зајакнување на овие институции, притоа одговарајќи на преостанатите препораки од мисијата за врсничка проценка од 2023 година и мислењата на Венецијанската комисија, како и да ја донесе потребната подзаконска регулатива;

→ доследно да ги пополнува испразнетите судиски места, вклучително и преку интензивирање на спроведувањето на стратегиите за човечки ресурси во правосудството и јавното обвинителство, како и да обезбеди доволно финансиски средства и целосна функционалност на Автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети.

Борба против корупцијата

Северна Македонија се наоѓа помеѓу одредено и умерено ниво на подготвеност и нема остварено напредок во однос на спречувањето и борбата против корупцијата. Корупцијата останува широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост.

Измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година, кои се однесуваат на кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ и „злосторничко здружување“, не ги решаваат соодветно негативните последици од измените од 2023 година и придонесоа за правна несигурност. Државната комисија за спречување на корупцијата треба да го засили проактивното идентификување на потенцијални случаи на недозволено постапување. Предметите за корупција на високо ниво и понатаму се соочуваат со одложувања и често застаруваат, што придонесува за перцепцијата за неказнивост.

Препораките на Комисијата од минатата година не се земени предвид, па затоа остануваат важечки. Во претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да усвои нов Кривичен законик и нов Закон за кривична постапка, усогласени со правото на ЕУ и меѓународните стандарди;

→ да ги подобри резултатите во случаите на корупција на високо ниво – преку навремени, професионални и транспарентни проактивни истраги, гонење, правосилни пресуди и повраток на средства, вклучително и конфискација на имот стекнат со кривично дело, конфискација на вредност, проширена конфискација и конфискација од трети лица;

→ да обезбеди доволно човечки и финансиски ресурси, вклучително и финансиски експерти, за: (i) Јавното обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со цел да се обезбеди ефективна одговорност во случаите на корупција на високо ниво; и (ii) Државната комисија за спречување на корупцијата, за да се подобри проверката на анкетните листови за имотната состојба.

Основни права

Правната рамка за основните права е генерално усогласена со правото на ЕУ (acquis) и европските стандарди. Земјата продолжува да ги исполнува своите општи обврски во однос на основните права. Сепак, спроведувањето на законодавството треба да се подобри. Собранието избра нов народен правобранител, но сè уште треба да се изберат осум нови заменици на народниот правобранител. Канцеларијата на народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација сè уште немаат финансиска независност.

Препораките на Комисијата од минатата година беа земени предвид само во ограничена мера, па затоа остануваат важечки. Во текот на претстојната година, земјата особено треба:

→ да ги реши тешките услови во затворите и да продолжи со напорите за промовирање алтернативи на затворската казна, како и да ги спроведе релевантните препораки за условите во притвор и затвор дадени од национални и меѓународни институции, особено препораките на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT);

→ да ги именува осумте заменици на народниот правобранител и да обезбеди Канцеларијата на народниот правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да добијат доволно финансиски и човечки ресурси, што ќе им овозможи независно и ефективно функционирање;

→ да обезбеди соодветна поддршка за жените кои преживеале родово засновано насилство, за ранливите категории деца, особено децата жртви на насилство, децата Роми и децата со попреченост.

Слобода на изразување и слобода на медиумите

Северна Македонија се наоѓа помеѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во однос на слободата на изразување и нема постигнато напредок во оваа област. Земјата презеде одредени чекори за усогласување на правната рамка со Европскиот акт за слобода на медиумите. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и јавниот радиодифузен сервис продолжуваат да се соочуваат со предизвици, првенствено поради ограничената финансиска и административна независност и нередовното финансирање.

Препораките на Комисијата од минатата година се делумно спроведени, па затоа остануваат важечки. Во претстојната година, земјата особено треба:

→ да продолжи со ревидирање на правната рамка што ги уредува медиумите, со цел нејзино усогласување со правните текови на ЕУ (acquis) и европските стандарди, особено преку воведување правила за целосна транспарентност во сопственоста на медиумите и доделувањето јавни средства за државно рекламирање, конкуренцијата и државната помош, како и правата од интелектуална сопственост;

→ да ја спроведе стратегијата за реформа на јавниот радиодифузен сервис;

→ да продолжи со навремено постапување по сите закани и акти на насилство врз новинарите и да обезбеди сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност

Борба против сериозен и организиран криминал

Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка во борбата против сериозен и организиран криминал и постигна ограничен напредок во оваа област. Северна Македонија продолжи да постигнува напредок во борбата против организираниот криминал, но треба да ги зголеми своите капацитети за борба против сите форми на сериозен и организиран криминал. Беа усвоени два ревидирани закони за оружје и за тестирање и обележување на огнено оружје, усогласени со релевантното acquis на ЕУ. Потребно е понатамошно усогласување со acquis на ЕУ за борба против сериозен и организиран криминал.

Препораките на Комисијата од минатата година беа само делумно исполнети и затоа остануваат во голема мера валидни. Во наредната година, Северна Македонија треба особено:

→ да продолжи да го подобрува својот рекорд на истраги, гонења и пресуди во сите области на сериозен и организиран криминал, случаи на перење пари и финансиски криминал, со фокус на враќање на средства и конфискација на приходите од кривични дела;

→ понатамошно зајакнување на капацитетите и ресурсите на агенциите за спроведување на законот кои истражуваат организиран и сериозен криминал, финансиски криминал и перење пари, како и на Канцеларијата за враќање на средства и Агенцијата за управување со конфискуван имот;

→ усогласување на своето законодавство за наркотични дроги и психотропни супстанции со законодавството на ЕУ.

ЕКОНОМСКИ КРИТЕРИУМИ

Постоење на функционална пазарна економија

Северна Македонија постигна ограничен напредок и е на добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Реалниот раст на БДП се забрза во 2025 година, поттикнат од домашната побарувачка. Инфлацијата се врати, одразувајќи ги и домашните и меѓународните ценовни притисоци.

Фискалниот дефицит за 2025 година се намали во согласност со плановите, иако составот на трошењето се влоши. Извршувањето на капиталните трошења продолжува да страда од слабо управување со јавните инвестиции. Напорите за формализирање на неформалната економија се забавија.

Централната банка одржуваше разумна монетарна политика и дополнително ја зајакна макропрудентната рамка. Банкарскиот сектор остана отпорен во услови на силен пораст на кредитниот раст.

Состојбата на пазарот на трудот благо се подобри, но структурните проблеми – вклучително ниските стапки на учество, неусогласеноста на вештините, значителното иселување и големиот родов јаз – претставуваат пречки за растот.

Препораките на Комисијата од минатата година беа спроведени само делумно и затоа остануваат во голема мера важечки. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да ја зајакне фискалната консолидација преку намалување на даночните расходи и ограничување на растот на платите во јавниот сектор и пензиите, како и преку обезбедување целосна независност на Фискалниот совет и подобрување на неговиот пристап до податоци;

→ да го забрза спроведувањето на акцискиот план за управување со јавни инвестиции и да го усвои Законот за јавно-приватно партнерство;

→ да усвои и спроведе ревидиран акциски план за формализирање на неформалната економија.

Капацитет за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во рамките на ЕУ

Северна Македонија постигна одреден напредок и е умерено подготвена за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во рамките на ЕУ. Дигитализацијата на економијата напредуваше, а забележан е напредок и во реформата на стручното образование и обука. Од друга страна, високото образование сè уште се карактеризира со застарени наставни програми. Сè уште постојат значителни потреби за инвестиции во транспортната и енергетската инфраструктура. Интеграцијата со ЕУ во однос на трговијата и инвестициите, како и севкупната трговска отвореност, останаа на високо ниво во 2025 година.

Препораките на Комисијата од минатата година се делумно спроведени и затоа остануваат важечки. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да ги реши недостатоците во високото образование со цел да се намали неусогласеноста на вештините;

→ да обезбеди значителен напредок во спроведувањето на клучните проекти за транспортна инфраструктура, како што се патните коридори VIII и X;

→ да го усвои новиот Закон за клима со цел создавање услови за воведување цена на јаглеродот.

Поглавје 5: Јавни набавки

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на јавните набавки. Не е постигнат напредок од последната проценка.

Препораките на Комисијата од минатата година не се спроведени и остануваат важечки. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да ги усвои Законот за јавно-приватно партнерство (ЈПП) и Законот за концесии, со цел дополнително усогласување на правната рамка во овие области со правото на ЕУ (acquis);

→ да ја зголеми конкуренцијата и примената на критериумот за „економски најповолна понуда“ (MEAT) при доделувањето договори, како и да го подобри следењето и контролата на постапките за јавни набавки преку известување за неправилности, случаи на судир на интереси и измамнички практики, како и преку преземање соодветни мерки по нивното откривање; → зајакнување на надзорот врз набавките и подобрување на координацијата меѓу клучните засегнати страни за борба против корупцијата, како и зајакнување на нивните капацитети за спроведување на принципите на транспарентност, слободна конкуренција, еднаков третман и недискриминација.

КЛАСТЕР 3: КОНКУРЕНТНОСТ И ИНКЛУЗИВЕН РАСТ

Поглавје 10: Дигитална трансформација и медиуми

Северна Македонија е помеѓу умерено и добро ниво на подготовка во областа на дигиталната трансформација и медиумите. Постигнат е добар напредок, особено преку понатамошно усогласување на Законот за електронски комуникации со законодавството на ЕУ, проширување на електронските услуги за граѓаните и бизнисите и чекори за зајакнување на интероперабилноста и рамката за сајбер безбедност.

Препораките на Комисијата од минатата година беа делумно имплементирани и затоа остануваат во голема мера валидни. Во наредната година, Северна Македонија треба особено:

→ понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ за дигитални услуги, сајбер безбедност и дигитална доверба и спроведување на 5G алатки за сајбер безбедност;

→ зајакнување на независноста и капацитетот на регулаторот за медиуми и на јавниот радиодифузен сервис;

→ обезбедување доволно човечки ресурси и потребни системски надградби за подобрување на услугата за итни случаи 112.

Поглавје 19: Социјална политика и вработување

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на социјалната политика и вработувањето. Постигнат е напредок со понатамошно време на животната средина на невработеност, зголемување на социјалната помош и преку ефектите на настанот на Шемата за млади.

Препораките на изборите од претходната година беа собрани и затоа остануваат важечки. Во наредната година, Северна Македонија треба особено:

→ да го направи националното законодавство со acquis и стандардите на ЕУ за еднаквост и недискриминација во вработувањето, го вклучуваат тоа acquis на ЕУ за родова еднаквост во однос на правилата од Директивите за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, транспарентноста на платите и жените во одборите;

→ да продолжи да ги спроведува стратегиите за активирање на најголем дел од трудот и да обезбеди дека тие мерки се правилно евалуирани;

→ да се воспостави рамка за следење и евалуација на социјалните услуги и за следење на повредите и смртните случаи поврзани со работата.

Поглавје 25: Наука и истражување

Земјата има добро ниво на подготвеност во областа на науката и истражувањето. Постигнат е добар напредок преку спроведување на мерките од Акцискиот план 2024-2025 година, кој е дел од Стратегијата за паметна специјализација 2024-2027 година. Ова вклучува операционализација на Агенцијата за иновации, научен и технолошки развој и претприемништво (INOVA), воспоставување механизам за кофинансирање во рамките на Европскиот совет за иновации и Европскиот институт за иновации и технологија (EIT), како и учество во програмата за европска соработка во науката и технологијата (COST).

Препораките на Комисијата од минатата година се во голема мера спроведени. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да продолжи со спроведувањето на Стратегијата за паметна специјализација;

→ да продолжи со промовирање и зголемување на учеството во програмата „Хоризонт Европа“;

→ да ја зголеми интеграцијата во Европскиот истражувачки простор (ERA), особено преку зголемени јавни инвестиции во истражување и иновации, подобрено известување за индикаторите од Европскиот преглед на иновациите (European Innovation Scoreboard), како и преку учество во политичките активности на ERA за периодот 2025-2027 година.

Поглавје 15: Енергетика

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на енергетиката. Постигнат е одреден напредок, особено преку усвојувањето на: (i) годишниот план за спроведување на Праведната транзиција за 2026 година; (ii) измените на Законот за енергетска ефикасност; (iii) Законот за обновливи извори на енергија и (iv) методологија за мерење на нивото на енергетска сиромаштија.

Препораките на Комисијата од минатата година не се целосно спроведени, па затоа во голема мера остануваат важечки. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да ги подобри техничките капацитети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел тоа да може да ги исполни своите одговорности за развивање и спроведување на политиката и законодавството во енергетскиот сектор;

→ целосно усогласување и започнување со спроведување на законодавството за Пакетот за интеграција на електрична енергија (EIP), за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;

→ спроведување на Националниот акционен план за енергија, Националниот план за енергија и клима, Мапата на патот за праведна транзиција и подобрување на известувањето за спроведувањето преку воспоставување соодветен систем за собирање податоци.

Поглавје 33: Финансиски и буџетски одредби

Северна Македонија е во рана фаза на подготвеност. Во текот на извештајниот период е постигнат ограничен напредок преку континуирано спроведување на Законот за јавни внатрешни финансиски контроли и понатамошно усогласување на царинската легислатива и системите за управување со ризици.

Препораките на Комисијата од минатата година се делумно спроведени, па затоа во голема мера остануваат важечки. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да ја подобри правната основа и методолошките алатки за системот на сопствени средства; → зајакнување на административните капацитети на клучните чинители, како и на механизмите за координација меѓу нив.

КЛАСТЕР 6: НАДВОРЕШНИ ОДНОСИ

Поглавје 30: Надворешни односи

Земјата има добро ниво на подготвеност во областа на надворешните односи и оствари ограничен напредок во текот на извештајниот период, особено во спроведувањето на протоколите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

Препораките на Комисијата од минатата година се делумно спроведени, па затоа во голема мера остануваат важечки. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да воспостави правна рамка за меѓународна соработка и развојна политика, како и за хуманитарна помош за земји кои не се членки на ЕУ, во согласност со политиките и принципите на ЕУ;

→ да продолжи со исполнување на обврските од новиот акциски план за Заеднички регионален пазар (ЗРП) за периодот 2025–2028 година, дополнително да го спроведува Протоколот 6 на ЦЕФТА за трговија со услуги и да ги преземе потребните чекори за спроведување на Протоколот 7 на ЦЕФТА за решавање спорови;

→ да го усогласи своето национално законодавство за странски инвестиции со правните текови на ЕУ (acquis) во однос на проверка на странските директни инвестиции, особено со неодамна усвоената Регулатива (ЕУ) 2026/1386, со која се става вон сила Регулативата (ЕУ) 2019/452.

Поглавје 31: Надворешна, безбедносна и одбранбена политика

Северна Македонија има добро ниво на подготвеност во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Во извештајниот период е постигнат добар напредок, особено преку одржување на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП), вклучително и со изјавите на Високиот претставник во име на ЕУ, како и со одлуките на Советот за рестриктивни мерки. Во април 2026 година, во Брисел се одржа втората сесија на Дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија. Северна Македонија ја зголеми својата одбранбена подготвеност.

Препораките на Комисијата од минатата година се во голема мера спроведени. Во текот на претстојната година, Северна Македонија особено треба:

→ да продолжи да ја одржува целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ; да се справи со предизвиците поврзани со спроведувањето на рестриктивните мерки на ЕУ, вклучително и правниот временски јаз помеѓу усогласувањето и формалното стапување во сила;

→ да ја усогласи својата национална стратегија за мало и лесно оружје (МЛО) со ревидираната „Патна карта за контрола на МЛО во Западен Балкан (2025–2030)“;

→ да развие сеопфатна национална стратегија за справување со хибридни закани, со цел подобрување на својата отпорност и капацитет за одговор.

1.3 СОСТОЈБА СО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ

Не беа преземени обиди за усвојување на соодветните уставни измени наведени во Заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година. Земјата се обврза да ги иницира и спроведе овие измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓаните кои живеат во рамките на државните граници и кои се дел од други народи, како што се Бугарите.

Постигнат е напредок во завршувањето на подготвителните работи за исполнување на почетните мерила за кластерот „Основи“. Во ноември 2025 година, властите ја усвоија патната карта за реформа на јавната администрација. Продолжи работата на финализирање на патоказот за владеењето на правото, вклучително и придружниот акциски план за малцинствата, како и на патоказот за функционирањето на демократските институции.

ОВА ги пишува во Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2026-та година, цитирано и изворно објавено за главните теми за кои се дебатира во јавноста, политиката, економијата, образованието и медиумите. Сите прераскажувања, зависно од политичките потреби на поединци, “експерти“ за се и сешто, и партии од опозизијата  се нивни преработки и спинови, а не изворни оценки како што се тука објавени.

ОД СЕТО НАВЕДЕНО МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ:

1. ПРОБЛЕМ ВО СУДСТВОТО:

Главна забелешка е што нема резултати во борбата против корупција, особено корупција на високо ниво која вклучува државни или локални функционери и компании поврзани со нив во коруптивните активности. Тоа е доминантен став и на јавноста. Десетици докумнетирани сомневања за корупција од државната ревизија, пријави од Антокорупциска како и поднесени кривични оријави од МВР - не се процеисуирани.

Нема пресуди за одземање имот преку корупција. Судењата се бавни, делата застаруваат и особено е нагласена штетноста на измената на Кривичниот законик во 2023-та година во времето на СДСМ/ДУИ со кој се оневозможи одговорност за корупцоија на низа познати скандали од власта на СДСМ и ДУИ. 

Инсистирањето на Извршната власт за ажурирање на истраги и судења како и конфаскација на имот стекнат со корупција Обвинителството и Судскиот совет го квалификуваат како “притисок од извршната власт врз правосудниот систем“ а Владата од тој систем го бара истото што Европската комисија го бара од државата Македонија.

Тоа е задача за обвинителтсвото и судот. Забелешите на Европската комисија Обвинителството и Судството треба да ги земат сериозно и да испорачаат што се бара од Европската комисија на тој план. Да испорачаат законитост и правовременост. 

2. ЕКОНОМИЈАТА КАКО НАЈСИЛНА РЕФОРМА ВО ДРЖАВАТА

Во извештајот, интегрално пренесен, експлицитно се оценува како умерено добар до добар процес за држава која не ни почнала преговори во областа на економијата, фискалната дисциплина, енергетиката, надворешната политика и образованието како и демократските процеси. Тоа се клучните процеси, заедно со функцинирање на правниот систем, кои се фактор што предизвикува реформи и позитивни последици за вработеноста, правната сигурност, равноправноста и демократскиот степен во државата кој во најголема мерка зависи од образованието и медиумите но, не може да напредува во услови на слаба економија и нестабилен финансиски систем и затоа добрите оценки за економијата и финансиската стабилност за Македонија се од темелно значење.

Промени на закони и прописи сами по себе немаат важност ако нема нивна примена и бенефит. А примена на сите реформи се без ефект ако нема подобрување во економијата, финансиите, енергетиката, инфраструктурата, образованието и здравството. 

Македонија има напредок во инфраструктурата и регионалната соработка со соседите при што се издвојува и истакнува проблемот со ветото од Бугарија кое, во соработка со македонската влада на Заев и СДСМ, од билатерален процес и вето стана европски услов за почеток на преговори поставувајќи услови какви ниту една држава кандидат за членство во ЕУ досега немала. 

Забележителен напредок е постигнат, според извештајот, и во нандворешната политика и координација на Македонија со ЕУ во погелд на еврропските политички приоритети.

Има и низа забелешки кои секој сспомнатс ектор од извршната, судката и парламентарната власт треба да ги анализира и работи на нивна примена и реформа.

Не постои членка на ЕУ, а уште помалку земја кандидат за прием, која има одлични оценки без забелешки од Европската комисија во нивните годишни извештаи.

За Македонија е важно дека во наголем дел од забелешките се констатира умерен до јасен напредок без категорични предупредување за забелеажни процеси кои се директно спротивни на европските стандарди, политика или правни норми. Накусо, одиме по европскиот пат. Некои сектори побрзо, некои побавно но, има движење и Извештајот е добар основ за да се знае што понатаму. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk