logo
logo
logo

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба ШЕСТ РЕНОВИРАНИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ

Vecer | 06.04.2026

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба ШЕСТ РЕНОВИРАНИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје денеска се пуштени во употреба шест операциони сали кои се дел од проектот за реконструкција на вкупно 10 операциони сали во вкупна вредност од 282 милиони денари. Реконструираните сали се на Оддел за трауматологија при клиниката за ТОАРИЛУЦ, две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија. 

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, присуствуваше на свечното пуштање на салите, најави дека за неколку месеци ќе треба да бидат пуштени и останатите четири операциони сали, а на почетокот на летото се надева дека ќе се заврши и проектот во Болницата „8 Септември“.

-За неколку месеци отсега треба да бидат пуштени уште четири сали така што го закружуваме процесот од 10 современи модерни операциони сали. Од почетокот на летото се надевам дека ќе бидеме во можност да видиме уште еден завршен проект во болницата „8 Септември“ каде исто така ќе имаме модерни сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот кога станува збор за ваков тип на операциони сали. Во здравството има многу работи што треба да се прават, но потребни се и фундаментални промени како во менталитетот на политичарите, така и во менталитетот на вработените. Здравството е еден од врвните проритети на Владата, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk