Авионската компанија „Флајдубаи“ (flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги воспостави летовите меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром Скопје. Предвидени се ти лета неделно – во понеделник, четврток и сабота.
Со обновувањето на линијата, патниците повторно ќе добијат директна воздушна врска меѓу Скопје и Дубаи, како и можност за поврзување со стотици дестинации преку партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу „Флајдубаи“ и „Емирати“.
Главниот извршен директор на „Флајдубаи“, Гаит Ал Гаит, посочува дека повторното воспоставување на линијата ја потврдува посветеноста на компанијата кон поврзување на пазарите кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата