Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска коментирајќи ги случувањата на Филозофскиот факултет на УКИМ, каде што од 2019 година противзаконски се запишувале студенти на едногодишни магистерски и докторски студи иако додипломските им биле тригодишни стручни, а не академски.
Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии и нивните уписи, по решение на ДПИ, се поништени и им е прекинато студирањето. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осумина, за кои нема решение дали дипломите ќе им бидат важечки.
Јаневска рече дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ), чиј извештај го добила доцна вчера, утврдил каде се пропустите и според тоа ги донел и одлуките како треба да се постапува. Како што рече, Инспекторатот постапувал по поплкаки и жалби на поединци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата