Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека во рамки на НАТО Самитот во Анкара учествувал на Форумот за одбранбена индустрија, на кој присуствувале претставници на земјите-членки и партнери на НАТО, како и претставници од одбранбената индустрија.
Според објавата на Мисајловски, во фокусот на Форумот биле иновациите, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на соработката за заеднички набавки, со цел зајакнување на колективната безбедност.
Тој информира дека во рамки на НАТО Одбранбениот индустриски форум била одржана и церемонија на која било потпишано заедничко писмо за намери за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон мултинационалната соработка во рамки на иницијативата NATO Flight Training Europe (NFTE).
„Овие иницијативи и дискусии ја потврдуваат силната сојузничка посветеност на понатамошно продлабочување на соработката, развој на заедничките способности и справување со современите безбедносни предизвици“, наведе Мисајловски во својата објава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата