logo
logo
logo

Во прво читање ПОМИНА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ

Vecer | 12.06.2026

Во прво читање ПОМИНА ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието, информира министерот за здравство Азир Алиу, посоувајќи дека со ова се прави значаен чекор кон зајакнување на јавното здравје.

Законот, според Алиу, има за цел подобра заштита на децата, младите, непушачите и сите граѓани преку воспоставување појасни правила за употреба на тутунски и сродни производи во јавниот простор.

Од Министерството посочуваат дека регулативата ја следи современата реалност, во која покрај класичните цигари се користат и електронски цигари, загреани тутунски производи и други никотински производи кои бараат појасна законска рамка.

Според соопштението од МЗ, тутунот е поврзан со над 3 600 смртни случаи годишно, додека економските штети се проценуваат на над 600 милиони евра. Дополнително, 13,6 отсто од младите на возраст од 13 до 15 години користат тутунски или никотински производи, 57 отсто од учениците се изложени на чад во затворени простории, а 73 отсто од младите пушачи изјавиле дека не биле спречени да купат цигари и покрај возраста.

Законот предвидува построги правила за користење на тераси, засилена заштита во здравствени, образовни и детски установи, ограничувања за пушење во присуство на деца, како и целосна забрана за рекламирање и промоција на тутунски и никотински производи, вклучително и преку социјалните мрежи.

За угостителите е предвиден преоден период од 12 месеци за адаптација и пренамена на терасите и другите простори во согласност со новите законски правила.

Од Министерството нагласуваат дека законското решение е резултат на широк и инклузивен процес на консултации со засегнатите страни, во рамки на кој биле одржани седум состаноци со тутунската индустрија, пет со угостителскиот сектор, како и координација со повеќе државни институции и 14 инспекциски и надзорни органи.

Преку ЕНЕР, пак, се разгледани 58 забелешки од граѓани, експерти и трговци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk