logo
logo
logo

Мицкоски на средба со Кошта

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ВО ЕУ низ достоинствен и принципиелен процес

Vecer | 13.02.2026

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ВО ЕУ низ достоинствен и принципиелен процес

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во рамки на посетата на Минхен остварил средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија останува посветена на европскиот пат и реформите, но оти заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања.

Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања, посочил премиерот Мицкоски на средбата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk