Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Томас Вајц.
- На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција.
Посебен акцент беше ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди, објави премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата