logo
logo
logo

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција

Vecer | 20.03.2025

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција

Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција, информираат попладнево од турската амбасада.

Три млади лица денеска со авион биле пренесени во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул.

Турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој ги придружувал повредените на Меѓународниот аеродром, при нивното заминување од Скопје.

Моментално во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени. Од нив, половина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другата половина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.

– Како земји од регионот, континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Македонија, по разорниот земјотрес што ја погоди нашата земја во 2023 година, испрати тимови за спасување. Така и ние, веднаш по овој трагичен настан, испративме авиони и деветмина државјани на Македонија ги пренесовме во Туркије за лекување. Во оваа прилика, уште еднаш изразувам длабоко сочувство до целиот народ на Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите, изјавил Бозај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk