Институциите активно работат на изнаоѓање решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност, соопшти Владата по работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со копретседателите на Вреди Билал Касами и Изет Меџити.
На денешната средба се разговарало за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.
„Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава“, соопшти Владата по средбата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата