logo
logo
logo

ФОТО + ВИДЕО | ОБРАЧОТ Е НАПРАВЕН, СЕ ЧЕКА ВОЗДУШНАТА ОФАНЗИВА - Пожарот во Сопиште под контрола на земја, се спремаат „ер - тракторите““

Vecer | 08.08.2026

ФОТО + ВИДЕО | ОБРАЧОТ Е НАПРАВЕН, СЕ ЧЕКА ВОЗДУШНАТА ОФАНЗИВА - Пожарот во Сопиште под контрола на земја, се спремаат „ер - тракторите““

Воздушна поддршка од три „ер трактори“ пристигна во општина Сопиште, каде што огнената стихија се заканува на потегот зад Водно. Дека битката со пожарот се интензивира потврдуваат и најновите видеа објавени од Дирекцијата за заштита и спасување, кои ја прикажуваат масовната акција за кротење на пламенот од воздух.

„Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема капацитет да предизвика поголема штета.

Ангелов кажа дека очекува сите пожари да бидат изгаснати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk