logo
logo
logo

Сите сакаат смена на Филиче, ама ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГИ СМЕНИ СИТЕ!

Vecer | 02.12.2025

Сите сакаат смена на Филиче, ама ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГИ СМЕНИ СИТЕ!

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва на седница на Извршниот одбор ќе побара сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат, а новото раководство ќе биде избрано во следните две недели.

Филипче вечерва за телевизија Телма изјави дека ќе се бараат најдобрите луѓе кои имаат капацитет да ја спроведат партиската програма.

Вечерва имаме закажано состанок на Извршниот одбор на кој ќе побарам сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат и на еден од следните состаноци на Централниот одбор, којшто ќе се одржи во следните две недели, ќе се избере новото раководство на партијата и новиот состав на Извршниот одбор. Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе кои имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните ја заслужуваат, рече Филипче во емисијата „Директно“ на телевизија Телма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk