logo
logo
logo

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ, објави министерот Николоски

Vecer | 19.05.2026

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ, објави министерот Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

-Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи, напиша Николоски во својата објава.

Ова, додаде, е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.

- Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи- објави вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk