Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат од Куманово. На снимката објавена од „Слободен печат“ се гледа како девојче е физички нападнато од повеќе врснички, кои ѝ удираат шлаканици и клоци, ја влечат за коса и ја туркаат кон ѕид, додека целиот инцидент се снима. Снимката првично била споделена на социјалната мрежа „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Настанот се случил пред околу еден месец, но дури деновиве е пријавен во полиција.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде дополнително информирана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата