logo
logo
logo

МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕМИНАА НА МОБИЛНО ПЛАЌАЊЕ - Паричникот заминува во историјата

Vecer | 01.07.2026

МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕМИНАА НА МОБИЛНО ПЛАЌАЊЕ - Паричникот заминува во историјата

Мобилниот телефон сè поубедливо го зазема местото на традиционалниот паричник. Граѓаните во Македонија сè почесто ги подмируваат сметките и обврските преку мобилни апликации, а електронските плаќања бележат силен, двоцифрен раст. Ова го покажаа најновите податоци на Народната банка за првиот квартал од 2026 година.

Според официјалната статистика, во првите три месеци од годинава граѓаните извршиле за 10,3% повеќе платежни трансакции со платни налози во споредба со истиот период лани, додека нивната вкупна вредност е зголемена за 14,6%.

Мобилниот телефон е апсолутен лидер

Растот кај плаќањата по дигитален пат е уште позабележителен:

Бројот на електронски трансакции е зголемен за 21,9%.

Вредноста на дигиталните плаќања пораснала за 23% на годишно ниво.

Клучниот двигател на оваа револуција се токму паметните телефони. Дури 72,8% од сите електронски платежни налози се иницирани преку мобилни апликации, што е за 25,9% повеќе во споредба со првиот квартал од минатата година. Од Народната банка потенцираат дека ова е јасен доказ дека телефонот станал најбрзиот и наједноставниот начин за секојдневно плаќање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk