logo
logo
logo

ДОЖД И УСЛОВИ ЗА НЕВРЕМЕ во делови од Макдонија, прогнозираат синоптичарите за денеска

Vecer | 04.06.2026

ДОЖД И УСЛОВИ ЗА НЕВРЕМЕ во делови од Макдонија, прогнозираат синоптичарите за денеска

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Се очекуваат локално поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, со пообилен пороен дожд до 20 литри на метар квадратен, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

„Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 степени, додека дневната ќе достигне меѓу 21 и 29 степени“,

се вели во прогнозата на синоптичарите.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во одделни делови од котлината се очекуваат поинтензивни врнежи и нестабилност проследени со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Температурата ќе се движи од 14 до 27 степени.

Од УХМР најавуваат дека и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во сабота и понеделник повторно се очекува дестабилизација на времето, со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk