logo
logo
logo

Над 20.000 Македонци ќе кршат јајца надвор од државата, ДОМАШНИТЕ НЕ ИМ СЕ ПОТАМАН

Vecer | 10.04.2026

Над 20.000 Македонци ќе кршат јајца надвор од државата, ДОМАШНИТЕ НЕ ИМ СЕ ПОТАМАН

На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6864 македонски граѓани, а излез 1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи, по денешниот старт на целосната имплементација на новиот дигитален систем на Европската унија, EES, за влез и излез од Шенген – зоната.

Преку ГП „Табановце“ од 12:00 часот вчера до 12 часот денеска е регистриран излез на 9150 македонски државјани, а влез на 3158 . Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7360 а ја напуштиле нашата држава 5449 лица.

Во истиот период преку ГП „Дојран“ излегле 546 македонски државјани, а влегле 241. Влез оствариле и 1212 странски државјани, а излез 1114. Преминот „Меџитлија“ во тој период за излез го искористиле 831 македонски државјани, а за излез 129. Преку тој граничен премин во државава влегле 3347 странски држајни, а излегле 3038.

Ако кон ова додадат Македонците кои отпатувале за Велигден со авион или автобус како и тие од четврток попладне, над 20.000 граѓани за Велигден ќе бидат во странство.

Од ГП „Дојран“ велат дека првиот ден од почетокот на новиот дигитален систем на Европската унија, се одвива без поголеми задржувања и оти сообраќајот се одвива нормално и покрај тоа што е продолжен викенд.

Нема посебно зголемување на бројот на евидентирани возила, за разлика од другите денови. Се чека до пет минути на македонската, и 10 до 15 минути на грчката граница. Првиот ден од имплементацијата на новиот систем поминува без проблеми, соопштија од ГП Дојран, од каде велат дека иста е состојбата и со граничниот премин Богородица во Гевгелија.

Со целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија на надворешните граници на ЕУ се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk