logo
logo
logo

Струмички нарко картел како Пабло Ескобар – Петрушевски обвинува за вмешаност на Заеви

Vecer | 07.02.2026

Струмички нарко картел како Пабло Ескобар – Петрушевски обвинува за вмешаност на Заеви

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев. Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога, посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Имено, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот, рече тој.

Петрушевски порача дека по овие сомнежи и индиции за поврзаност на СДС, Заев и Филипче, бараат ЈО да го истражи случајот.

Бараме одговори за случајот со запленетата дрога, дали има вмешаност од страна на Заеви? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај? Каква е улогата на Вице Заев во овој случај? Колкава сума од овој случај сакал да заработи Зоран Заев? Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко. Вистината излегува на виделина, порача тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk