logo
logo
logo

УАПСЕНИ СЕ СИТЕ ТРОЈЦА КОИ ТЕПАЛЕ И ИЗБОДЕЛЕ ТИНЕЈЏЕР ВО ЧЕНТО

Vecer | 02.07.2026

УАПСЕНИ СЕ СИТЕ ТРОЈЦА КОИ ТЕПАЛЕ И ИЗБОДЕЛЕ ТИНЕЈЏЕР ВО ЧЕНТО

Четиринаесетгодишник бил излезен во Ченто со своите братучеди. Добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму наместо со нив, се сретнал со тројца возрасни кои веднаш почнале со навреди и насилство.

Прво бил претепан, а потоа седум пати избоден со нож, по што останал да лежи крвав сам среде парк. Ова е голготата што пред 10 дена ја преживеал тинејџер во Ченто, јавува Телма.

Неговата мајка вознемирена зборуваше за настанот.

Едниот го удрил со пушка во глава, вториот го удирал по целото тело, а пак третиот со нож го избодел на грбот седум пати“, вели Џељана Селими, мајка на избоденото дете.

Напаѓачите веднаш избегале од местото. Случаен минувач повикал брза помош и полиција.

Мајката на детето Џељана Селими не е задоволна од тоа како службите го третираат случајот. Вели дека ова не е насилство, туку обид за убиство за што сторителите треба да одговараат.

„Детето не се чувствува безбедноно после тој инцидент, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, а утре ќе биде некое друго дете. Не треба да се остави овој случај вака. Надлежните органи треба да го истераат случајот до крај. Овој случај дефинитивно не треба да се води како насилство, туку ова е обид за убиство“, додава Селими.

Од министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдувааат случајот и велат дека работат за негово разрешување.

„Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје затоа што на 22.06.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

Малолетникот веќе е пуштен дома, но живее во страв. Исто и неговото семејсто. Мајката вели дека немал никакви недоразбирања и не знае што е мотивот за нападот.

Извор: Телма

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk