logo
logo
logo

И ФИЛКОВ ГО ПОВИКА СУДСКИОТ СОВЕТ да реагира по ПРЕСУДАТА ЗА ТЕОДОРА - довербата од само 2% во судството не е џабе

Vecer | 08.04.2025

И ФИЛКОВ ГО ПОВИКА СУДСКИОТ СОВЕТ да реагира по ПРЕСУДАТА ЗА ТЕОДОРА - довербата од само 2% во судството не е џабе

Уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од само 2 отсто не е џабе, ја прокоментира денеска министерот за правда Игор Филков пресудата на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, кој вчера пресуди 2 години затвор за возачот кој ја прегази Теодора Ристевска на пешачки премин.

– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет, кој е повикан да реагира. Тие 2 отсто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе – рече министерот Филков.

Прашан како е дозволиво да суди судија кој беше критикуван поради сомнежи дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет, Филков кусо одговори дека е недозволиво и додаде дека прашањето треба да се постави до Судскиот совет.

– Апсолутно е недозволиво и затоа работиме на законските измени. Она што, за жал, ни се повторува е дека мораме да побрзаме за вакви случаи да нема во иднина. Прашањето може да го поставите до Судскиот совет – рече Филков.

И премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја разгледа работата на судијата кој ја донесе одлуката за 2-годишната казна затвор за возачот кој ја прегази Теодора. Според премиерот, ваквата пресуда не е правда, туку целосно потфрлање на системот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk