logo
logo
logo

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Vecer | 14.04.2025

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

Постапката за избор ќе ја врши Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права.

Надлежностите на оваа Комисија се да распише јавен оглас за избор на кандидати, да ја спроведе постапката за избор и истата по добивање на мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти на Советот на Европа, од аспект на тоа дали кандидатите ги исполнуваат условите и да достави предлог за избор на тројца кандидати за судија.

Од Уставниот суд информираат дека ќе учествуваат во процесот на селекција на кандитатите преку свој претставник во Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП, судијата проф.д-р Осман Кадриу.

Kандидатите мора да ги исполнуваат минимум следните услови:

-Да е државјанин на Република Северна Македонија;

-Да уживаат висок морален углед;

-Да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност (минимум 12 годишно искуство во соодветната професија);

-Да бидат помлади од 65 години;

-Да имаат искуство во областа на човековите права;

Активно (ниво Ц) да го владеат едниот а пасивно (ниво А) другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски);

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена од денот на објавувањето на овој Oглас во Службен весник на Република Северна Македонија.

Деветгодишниот мандат на актуелниот судија на Северна Македонија во ЕСЧП, Јован Илиевски му завршува во февруари 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk