logo
logo
logo

Александар Николоски во Вашингтон - ПРЕГОВОРИ ЗА БРЗАТА ПРУГА И ДИПЛОМАТСКИ БРИФИНГ

Vecer | 09.03.2026

Александар Николоски во Вашингтон - ПРЕГОВОРИ ЗА БРЗАТА ПРУГА И ДИПЛОМАТСКИ БРИФИНГ

Стратешките пан-европски коридори во Македонија како и инфраструктурните проекти што ги реализира Владата, со силен акцент на актуелната изградба на автопатски делници, како и планираната изградба на брза пруга на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија на Коридорот 8, ќе бидат дел од обраќањето на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″ во Светска банка.

На сесијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Николоски ќе се обрати заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.

Николоски за време на тридневниот престој во САД ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот.

На настанот се предвидени се и бројни средби со менаџментот на Светска банка каде што е планирано да се зборува за тековните и идни проекти што ги реализира Владата и Министерството за транспорт во партнерство со СБ.

Николоски за време на тридневниот престој во САД ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот.

Николоски ќе ја искористи посетата на САД и за средби со високи претставници во Стејт департментот каде што ќе разговара за партнерството и економската соработка помеѓу Македонија и САД како стратешки партнер на државата. За време на посетата, Николоски ќе има и средби со претставници на Републиканската партија“ соопшти Министерството за транспорт и врски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk