logo
logo
logo

ОЛЕСНУВАЊА ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ, доилките и и пациентите со тешки заболувања

Vecer | 05.10.2026

ОЛЕСНУВАЊА ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ, доилките и и пациентите со тешки заболувања

Постапката за упатување на осигурениците пред лекарска комисија по 15. ден од боледувањето ќе се дигитализира, најавува директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински.

Досега, кога било потребно продолжување на боледувањето пред лекарска комисија, матичниот лекар морал рачно да подготвува предлог.

Со предложените измени документот ќе може да се изготвува и доставува електронски, преку ПСР-образецот – „Предлог за привремена спреченост за работа“.

Според Перински, со ова ќе се поедностави постапката и ќе се намали административната работа на матичните лекари.

Тој нагласува дека во јавната дебата во преден план биле петте дена и најавените контроли, додека олеснувањата предвидени со измените останале во сенка.

– Имаме две паралелни цели: критериумите да бидат медицински оправдани и контролата да биде поефикасна, но истовремено да ги отстраниме непотребните административни чекори таму каде што тие не му носат ништо ниту на пациентот ниту на лекарот – вели Перински во интервју за Република.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk