Кавадарчанец е уапсен под сомнение дека имамин кумановка за 9.000 евра, ветувајќи и дека ќе и обезбеди странски пасош. Според полицијата, 32 годишникот во повеќе наврати барал пари за наводно посредување, а жената му ги предала средствата
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, осомничениот првично побарал 400 евра за наводното посредување, но потоа во повеќе наврати барал дополнителни парични средства. Според пријавата, оштетената за краток период му предала вкупно 9.000 евра, а тој продолжил да бара уште пари.
По претходно преземени мерки, на 23 јули на Градскиот плоштад во Кавадарци полициските службеници го лишиле од слобода. При претрес кај него биле пронајдени 2.000 евра што непосредно претходно ги зел од оштетената, а парите биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а потоа изведен пред јавен обвинител, каде, според МВР, го признал делото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата