logo
logo
logo

Што минува низ главата на личноста која е на чекор од самоубиство

Vecer | 14.04.2025

Што минува низ главата на личноста која е на чекор од самоубиство

Честите случаи на самоубиство предупредуваат на глобална сериозна криза на менталното здравје.

Во последно време се почесто се сведочиме на случаи на самоубиство и луѓе кои се соочуваат со сериозни суицидални мисли. Психијатрите и психолозите укажуваат на бројни причини – од лични трагедии, семејни и финансиски проблеми, разделби, до чувство на изолираност и губење на смисла. Во општество во кое сè потешко се носи товарот на секојдневието, сè повеќе поединци не гледаат друг излез освен најтрагичниот чин.

Психијатрите потврдуваат дека речиси секоја личност барем еднаш во животот помислува на самоубиство, особено во моменти на голема трагедија или ситуации кои делуваат дека се безизлезни. Сепак, кај повеќето тие мисли не прераснуваат во конкретна акција. За жал, кај помал број луѓе, овие мисли завршуваат со трагедија.

Во моментите кога се соочуваме со загуба и со прашањата за менталното здравје, сè повеќе луѓе се обидуваат преку психологијата да дојдат до одговори и да ја разберат човековата душа. Еден од најзначајните теоретичари во оваа област е швајцарскиот психијатар Карл Густав Јунг, кој истакнувал дека „во коренот на секоја ментална болест е неспремноста да се доживее заслуженото страдање“. Според него, соочувањето со емоциите, па и со оние болните, е клучно да се одржи менталната стабилност.

Страдањето, како што наведува Јунг, е составен дел од животот, а избегнувањето на емоционалната болка доведува до сериозни нарушувања. Психолозите денес потсетуваат дека животот не е рамна линија и дека решавањето на проблемите често води преку повеќе предизвици и препреки.

Се апелира при ментални тешкотии отворено да се разговара, без срам и страв, па навреме да се побара стручна помош. Препознавањето на предупредувачките знаци може да спаси живот. Општеството мора посериозно да го сфати значењето на менталното здравје и да обезбеди поголема достапност на психолошката поддршка. Секој живот е драгоцен и не смее да се изгуби во тишина.

Ова се најчестите знаци на предупредување кои укажуваат дека лицето има сериозна депресија.

губењето на задоволството во животот

губењето на смислата и целта на живеењето

чувството дека животот е бесмислен

чувството дека нема никаква цел и никаква причина за живот

размислувањето дека би било добро никогаш да не се разбуди

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk