logo
logo
logo

Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година

Vecer | 04.02.2026

Шпанија со рекордни 96,8 милиони туристи во 2025 година

Тоа е зголемување од 3,2 отсто во однос на 2024 година, кога биле регистрирани 94 милиони странски посетители.

Туризмот придонесува  12,6 отсто во бруто домашниот производ, што ја вбројува земјата меѓу водечките туристички дестинации во светот. Според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации, државата е трета во светот по приходи од туризам, зад Обединетото Кралство и Франција.

„Приходите од странските туристи во 2025 година пораснале за 6,8 отсто и достигнале 134,7 милијарди евра, во споредба со лани,  126 милијарди евра“, соопшти Министерството за туризам.

Во соопштението се наведува дека растот на туризмот е дел од стратегијата за премин кон поодржлив туристички модел, со акцент на квалитетот, а не на масовноста. Најмногу туристи пристигнале во Каталонија- околу 20,1 милион, што е мал раст од 0,6 отсто. По неа следуваат медитеранските региони и Канарските Острови. Најбројни се посетителите од Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е трета рекордна година за шпанскиот туризам од 2019 година, пред пандемијата на ковид-19.  Сепак, повторното заживување на туризмот создаде притисок врз пазарот за домување, особено во градските центри, каде што порастот на краткорочните изнајмувања доведе до зголемување на цените и незадоволство кај локалното население. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk